за нас

За Когитацио Рационалис
Здружението за психологија, советување, психодијагностика и едукација Когитацио Рационалис од Кавадарци е основано од Атанас Иваноски, магистер по психолошки науки.
Основната задача на здружението е да ги реализира своите понудени психолошки услуги: психолошко советување и поддршка, психолошко тестирање, психодијагностика, психолошка едукација и коучинг психологија.
Основните цели кои здружението ги има поставено и на кои ќе ја темели својата работа, се следниве:
- Афирмација на психологијата како наука и професија;
- Афирмација и заштита на професијата психолог;
- Психолошка едукација на деца, адолесценти, лица во рана, средна и доцна зрелост;
- Психолошко тестирање на деца, адолесценти, лица во рана, средна и доцна зрелост;
- Психолошко советување на деца, адолесценти, лица во рана, средна и доцна зрелост;
- Когнитивно – бихејвиорален коучинг за лица во работни организации и поединци со практични проблеми од секојдневието;
- Соработка со организации од земјава и од странство кои третираат иста и сродна проблематика;
- Изработка на проекти чија цел ќе биде грижата и подигнување на свеста за менталното здравје и негово одржување;
- Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
- Соработка со професионалци од други сродни области како: педагози, социолози, социјални работници, дефектолози, логопеди, психијатри и други доктори од медицинската област;
- Организирање семинари, манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето за менталното здравје;
- Предлагање мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на менталното здравје, како и да учествува во следењето на нивната имплементација;
- Обезбедување материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението.
Вредностите како етичност и морал стојат во суштинската реализација на професионалните психолошки услуги кои Здружението Когитацио Рационалис ги нуди секому кој има потреба од истите.
За основачот

М-р Атанас Иваноски
Атанас Иваноски е магистер по психолошки науки, лиценциран психолог, член на Комората на психолози на Република Северна Македонија и член на Интернационалното Здружение за Коучинг Психологија (International Society for Coaching Psychology). Дипломските и постдипломските студии ги реализира на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет – Скопје. Во текот на студирањето и постидипломските студии, интересот го насочува кон систематизирано проучување на следниве области: когнитивниот аспект на личноста, клиничката психологија, психотерапијата и советувањето. Има работено како професор по Спортска психологија при ДСУ „Спортска академија“, Скопје, како психолог во ПСУ „Св. Лука“, Скопје и како асистент на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет, Скопје. Изучува психотерапија на RE&CBT Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade, и се има стекнато со напредно ниво. Исто така, има издадено и неколку научни трудови во интернационални списанија и списанија со импакт фактор. Најголем дел од своето практично знаење го има стекнато при реализирање на задолжителната пракса на неколку психијатриски клиники каде конкретно работи во доменот на диференцијалната дијагностика и советување под надзор на своите ментори.