психолошки услуги

ПСИХОЛОШКА
едукација

Здружението за психологија, советување, психодијагностика и едукација КОГИТАЦИО РАЦИОНАЛИС Кавадарци, организира едукации од психолошка природа кои се однесуваат на зголемување на сопствените знаења за психологијата кои се во насока на подобрување на севкупната лична добросостојба и интерперсоналните релации.

brain work

ПСИХОЛОШКО
Советување

Психолошкото советување е дел од практичниот аспект на психологијата. За еден психолог да работи психолошка советодавна работа, треба да има и дополнителна едукација. Проблемите со кои се соочуваат психологзите за време на својата работа се од различен тип и истите произлегуваат од личниот развој на човекот (животниот век), животната и социјалната средина и културолошките милјеа.

council1

ПСИХОЛОШКО тестирање и психодијагностика

Психолошки тест претставува објективна и стандардизирана мерка и е збир на ајтеми кој има за цел да ги мери психолошките процеси, состојби и особини. Лице кое има право да ги задава психолошките тестови е психолог. Психолошкото тестирање е дел од психолошката проценка.

mental test

Коучинг
ПСИХОЛОГИЈА

Коучинг психологијата е процес на континуирано усовршување на визијата, правејќи ја постепено сѐ повеќе дофатлива додека резултатите не станат видливи воживотот на клиентот. Когнитивно – бихејвиоралниот коучинг се базира на когнитивно – бихејвиоралната теорија и терапија и користи техники се со цел да му помогнат на клиентот да гу унапреди квалитетот на животот и да постигне лична добросостојба.
 
brain-tree.png

Статистичка обработка на податоци

Истражувањата во психологијата можат да бидат квантитативни и квалитативни. Откако ќе се соберат потребните податоци, испитувачот има потреба од нивна статистичка обработка врз основа на која ќе ги извлече заклучоците како завршна фаза од секое спроведено истражување.
Имајќи го тоа во предвид, Здружението Когитацио Рационалис има формирано тим, кој како услуга, врши обработка на статистички податоци добиени од спроведени психолошки истражувања.

anaysis