ПСИХОЛОШКО ТЕСТИРАЊЕ И ПСИХОДИЈАГНОСТИКА

Што претставува психолошко тестирање?

Психолошки тест претставува објективна и стандардизирана мерка и е збир на ајтеми кој има за цел да ги мери психолошките процеси, состојби и особини. Овие тестови се еден вид алатки што се користат во севкупната егзаминација на личноста. Резултатите од примената на психолошките тестови се комбинираат со информациите добени со примена на други техники (анамнеза, хетероанамнеза) за да се спроведе бараната психолошка проценка. Психолошкиот тест треба да биде валиден и релијабилен, се со цел да му даде објективен резултат на психологот кој го задал тестот. Она што е важно да се знае е тоа дека само психолозите имаат право да задаваат психолошки тестови. Психолошкото тестирање може да биде индивидуално или групно.

Во склоп на Когитацио Рационалис се вршат психолошки тестирања за:

  • Интелигенција,
  • Личност,
  • Интереси,
  • Ставови,
  • Вредности,
  • Лична ориентација.

Што претставува психодијагностиката?

Психодијагностиката е постапка во која преку интервју, анамнеза, хетероанамнеза и батерија на тестови (тест за интелигенција, инвентар на личност, тестови за психолошки процеси, состојби и особини, невропсихолошки тест, тест за проверка на органски нарушувања) се доаѓа до диференцијална дијагностика која резултира со наод и мислење од психологот и истиот служи за понатамошните потреби на клиентот.

Закажете го својот термин преку

EMAIL

cogitatio.rationalis@gmail.com