ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

Што претставува психолошкото советување?

Психолошкото советување е пракса на применетата психологија. Главниот фокус е ставен на тоа како луѓето функционираат на лично поле и во нивните односи со другите во текот на нивниот живот. Психолошкото советување е насочено кон препознавање и решавање на емоционалните, социјалните, работните, училишните и физичките здравствени проблеми што луѓето можат да ги имаат во различни фази од нивниот живот, фокусирајќи се на типичните животни стресови и потешките проблеми со кои луѓето може да се соочат како индивидуи и како дел од семејства, групи и организации. Психолозите кои работат советодавна работа им помагаат на лицата со физички, емоционални и ментални здравствени проблеми за да ја подобрат својата благосостојба, да ги ублажат чувствата на вознемиреност и да ги надминат своите животни кризи. Тие исто така работат психолошко тестирање и психодијагностика.

Фокус на работа на психолозите кои работат психолошко советување.

За време на сите животни периоди низ кои поминува индивидуата, како што се: детство, адолесценција, зрелост и стареење, психолозите кои работат психолошко советување, својата работа ја насочуваат на следните аспекти:

  • Здравите аспекти на личноста и јакнење на потенцијалите на клиентот (без оглед дали се работи за поединци, парови, семејства, групи или организации);
  • Влијанијата од животната средина/ситуација кои ги има врз клиентот;
  • Прашања на различност и социјална правда;
  • Улогата на кариерата и работата во животот на луѓето.

Со кои проблеми се соочуваат психолозите кои работат психолошко советување?

Проблемите со кои се соочуваат психологзите за време на својата работа се од различен тип и истите произлегуваат од личниот развој на човекот (животниот век), животната и социјалната средина и културолошките милјеа. Некои од нив се:

  • Загриженост за прилагодување на училиште и кариера/работа;
  • Донесување на одлуки за кариера и работа, како и справување со преминот од долгогодишна работа во пензија;
  • Тешкотии врската помеѓу партнерите – вклучувајќи ги и брачните и семејните тешкотии;
  • Потешкотии во учењето и вештини за полесно совладување на материјалот;
  • Управување со стресот и справување со негативни животни настани;
  • Организациски проблеми;
  • Справување со и прилагодување на физички пречки, болест или повреда;
  • Лично/социјално прилагодување во средината на живеење и творење;
  • Развој на идентитет;
  • Постојани потешкотии во одржувањето на релациите со другите;
  • Ментални нарушувања.

Закажете ја својата сеанса преку

EMAIL

cogitatio.rationalis@gmail.com