Рационално – емоционалната теорија и својата богата филозофија што ја содржи во себе, нуди можност за создавање едукативна програма која може да биде од помош на многумина кои сакаат да го подобрат квалитетот на своето секојдневно живеење.
Програмата на „Едукација за усвојување и применување на рационална и прагматична животна филозофија во секојдневното живеење“ е синтеза на четири модули преку кои едукантот ќе има можност да се запознае со одредени психолошки (и во извесна мера филозофски) теми кои се дел од животот на човекот. Како основа на целата програма е земена рационално – емоционалната теорија и филозофија создадена од Алберт Елис во 1955 година. Преку предавања и практични вежби, учесниците ќе имаат можност директно да се запознаат со суштината на едно од највлијателните учења во психологијата и со рационалната филозофија на една од најефикасните психотерапски правци на денешницата како и со нејзините деривати кои се одраз на логиката, емпиријата и конзистентноста со реалноста. Покрај тоа, директно ќе се соочат со она што е во егзистенцијата на секое човеково битие, а тоа е неговата вредност и неговото видување на себеси. Важно е да се напомене и дека секој учесник ќе има време да размисли и за тоа каков е неговиот/нејзиниот пристап во комуникацијата со другите и секако, на каков начин се однесува према задачите кои стојат пред него/неа, независно дали се поедноставни или покомплексни.
Секако, и не помалку важно, под плаштот на рационално – емоционалната и пргаматичната филозофија како стожер на оваа едукација, ќе се негуваат и развиваат етички вредности.