КОУЧИНГ ПСИХОЛОГИЈА
Што претставува коучинг психологијата?
Според Австралиското Психолошко Друштво (2007), коучинг психологијата е дел од применетата психологија која се базира на утврдени психолошки пристапи, и може да се разбере како дел од бихејвиоралната наука чија цел е унапредување на животот, работните постигнувања и благосостојбата на поединци, групи и организации кои не се во состојба на вознемиреност или кои немаат одредено ментално заболување.
- Коучинг психологијата експлицитно ја вклучува психологијата како основа во коучинг праксата.
- Коучинг психологијата имплицира дека коучот треба да има психолошко образование (соодветно познавање од психологијата и дополнителна едукација).
Когнитивно – бихејвиорален коучинг
Когнитивно – бихејвиоралниот коучинг се базира на следниве постулати:
- Ја развива личноста и го унапредува квалитетот на животот;
- Почетната позиција е функционалноста и позитивната мотивираноста за развој и подобрување на квалитетот на животот и
- Целосно функционирање на клиентот.
Која е улогата на коучот?
Коучот му помага на клиентот да ги разбере и усвои следниве работи:
- Што сака да постигне во блиска и далечна иднина? (визија, цели, очекуван исход/и)
- Зошто му/и е тоа важно и каква поширока смисла има тоа? (вредности, смисла)
- Како може тоа да го оствари? (можности, ресурси)
- Кои чекори ќе ги преземе за тоа да го оствари? (планирање на акцијата)
- Колкава е неговата/нејзината одговорност за исходот од коучингот? (одговорност)
- Каков е резултатот од коучинг сеансите? (што добива од коучингот, ефект, исход)
Закажете го својот термин за коучинг сеанса преку
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ
0038978464137
cogitatio.rationalis@gmail.com