РАБОТИЛНИЦА: „СТРЕС И НАЧИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ“

16.02.2023

М-р Атанас Иваноски, лиценциран психолог и РЕ&КБТ психотерапевт во едукација и под супервизија од Здружението за психологија, советување, психодијагностика и едукација КОГИТАЦИО РАЦИОНАЛИС Кавадарци, одржа работилница за стресот и начините на справување. Учесниците подателно се запознаа со природата на стресот, размислувањата и сопствениот пристап кои влијаат врз нивото на стрес, како и со некои начини за справување со истиот.