Работилница - „Самопочит и безусловно прифаќање на себеси, другите и светот“

31.05.2022

По повод месецот за подигнување на свеста за менталното здравје, на 31.05.2022 г. одржав работилница како дел од серијата работилници за ментално здравје. Работилницата беше на тема: „Самопочит и безусловно прифаќање на себеси, другите и светот“.
 
На работилницата се посвети внимание на концептите за условена самопочит и безусловно прифаќање на себеси, другите и светот низ вежби и интеракција, како и други практични совети кои може да им помогнат на младите индивидуи кои можеби доживуваат предизвик во оваа област.
 
Работилницата беше во организација на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Млади Хаб и Разговор.мк, со поддршка на Канцеларијата на Претседатолот на Република Северна Македонија.