Предавање: „Стресот како белег на современото живеење“

27.10.2021

По повод Европската недела на безбедност и заштита на работа, м-р Атанас Иваноски, лиценциран психолог и РЕ&КБТ психотерапевт во едукација и под супервизија, одржа предавање на тема: „Стресот како белег на современото живеење“ во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ. Вработените имаа можност да се запознаат со природата на стресот како сериозен предизвикувач на нарушеното ментално здравје кај современиот човек, како и некои начини за справување со истиот.

Благодарност за поканата.