ЈАВНА ТРИБИНА: „Улогата на семејството и образовните институции во грижата и унапредувањето на менталното здравје на децата и адолесцентите“

22.09.2021

Детството и адолесценцијата се периоди кои секогаш ќе бидат поле на научен интерес на психолозите. Менталното здравје на децата и адолесцентите, како и улогата која семејството и образовните институции ја имаат во грижата и унапредувањето на истото, заслужува разговор во јавноста. Согласно тоа, ЗПСПЕ „Когитацио Рационалис“ Кавадарци, на 22.09.2021 година, организираше јавна трибина на тема: „Улогата на семејството и образовните институции во грижата и унапредувањето на менталното здравје на децата и адолесцентите“. Целта на трибината беше зголемување на свесноста на локалното население за тоа колку е важно семејството и образовните институции да се грижат и да го унапредуваат менталното здравје на децата и адолесцентите за нивна подобрена лична состојба. Сакам да им се заблагодарам на м-р. Радмила Живановиќ, лиценциран психолог и психотерапевт, асс. м-р. Ана Ѓорѓевиќ, лиценциран психолог и психотерапевт под супервизија, која од лични причини не можеше да присуствува но со претходна дозвола нејзините поенти беа изнесени пред публиката, и Деспина Стојановска, лиценциран психолог и системски-семеен психотерапевт. Со своите стручност и знаења создадоа плодна и корисна дискусија во која беа дадени предлози и конструктивни решенија за решавање на така комплексен проблем. Таквите конструктивни говори се дефинитивно неопходни за конструктивни промени во политиките кои се однесуваат на менталното здравје на луѓето, особено кај најмладите. Благодарност и до Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева, професор по македонски јазик и книжевност, која во улога на модератор успешно ја водеше трибината и позитивно влијаеше во подигнување на квалитетот на истата.

Линк од трибината.