На ден 03.06.2021 година, во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци, во организација на ЗПСПЕ „Когитацио Рационалис“, се одржа трибина на тема: „Менталното здравје и важноста од истото“. Говорници на трибината беа: проф. д-р
Мирјана Јовановска Стојановска (Претседател на
Комора на психолози на РСМ, универзитетски професор, психотерапевт од
Амигдала, Скопје), проф. д-р Мирослав Пендароски (универзитетски професор и психотерапевт во
Совршен Круг, Скопје) и м-р
Тина Васков (клинички невропсихолог и психотерапевт од
Когниција). Со свој говор на присутните им се обрати и Нина Костовска и укажа дека и лицата со одредени пречки имаат право на соодветен третман од страна на општеството и државата, како и тоа дека е важно безусловно да ги прифатиме. Модератор на трибината беше
Александар Малинков, актер.