ЕДУКАЦИЈА - „ЕДУКАЦИЈА И ПРИМЕНА НА РАЦИОНАЛНА И ПРАГМАТИЧНА ФИЛОЗОФИЈА ВО СЕКОЈДНЕВНОТО ЖИВЕЕЊЕ“

09.03.2020

Едукацијата за усвојување и примена на рационална и прагматична животна филозофија се темели на принципите на рационално-емотивната филозофија. 

Едукацијата се состоеше од четири модули:
1. Модул I – Рационална и прагматична животна филозофија;
2. Модул II – Самопочит и безусловно прифаќање на себеси, светот и другите;
3. Модул III – Асертивна комуникација;
4. Модул IV – Прокрастинација.
 
1.Модул I – Усвојувањето на рационална филозофија му овозможува на човекот да се отргне од нелогичните и ригидни „мора“ и „треба“ кои ги има поставено пред себе и другите, и да му овозможи да развие еден логичен и флексибилен начин на размислување кој е во корелација со емпириски докажливата реалност. Концептите а) толеранција на фрустрација и б) антиужаснување се составен дел од првиот модул.
2.Модул II – Во вториот модул, едукантот имаше можност да научи како безусловно да се прифати себеси, светот и другите, наместо тоа да го прави на условен начин.
3.Модул III – Препознавање на стиловите на комуникација, како што се: агресивната, пасивната, пасивно-агресивната и асертивната комуникација, сѐ со цел да се нагласат предностите на асертивниот начин на комуникација за индивидуата да се заземе за себеси, и притоа да ги почитува ставот и емоционалата состојба на другиот.
4.Модул IV – Сознанијата за прокрастинацијата (тенденција кон одложување на реализирање на задачите) му овозможија на едукантот да ги препознае своите ирационалности во поглед на размислувањата и поведенијата кога исполнувањето на одредена задача го одложува во недоглед.
 
Едукацијата имаше за цел преку предавањата и вежбите да ѝ помогне на секоја индивидуа да усвои нови начини на размислување и однесување кои ќе го подобрат односот према себеси, личната добросостојба и односот према другите.