Самопочитта е концепт кој го учи човекот да се прифаќа или вреднува себеси само кога се однесува добро или истакнал некои позитивни особини, како и да го оценува своето ЈАС со една оценка. За разлика од неа, безусловното прифаќање на себеси го учи човекот дека е премногу комплексен и дека неговите поведенија и особини не можат да ја дефинираат човековата вредност.
Работилницата имаше дидактички и практичен дел во кој беа вклучени неколку вежби. Учесниците имаа можност да се запознаат со природата на концепот на самопочит која е условена и води до емоционални проблеми, како и со предностите од усвојувањето на безусловното прифаќање на себеси, другите и светот како дел од рационалната и прагматична животна филозофија.