М-р Атанас Иваноски, лиценциран психолог и РЕ&КБТ психотерапевт во едукација и супервизија од ЗПСПЕ „КОГИТАЦИО РАЦИОНАЛИС“ Кавадарци, во соработка со Национален младински совет на Македонија, Млади Хаб и Разговор.мк, одржа работилница за самопочитта и безусловното прифаќање на себеси, другите и светот по повод месецот за подигнување на свеста за менталното здравје.