СОРАБОТКА

Здружението за психологија, советување, психодијагностика и едукација Когитацио Рационалис Кавадарци, покрај реализирањето на психолошките услуги кои ги нуди, има за цел да остварува и соработка со други организации и институции од областа на психологијата, како и со поединци и организации од други сродни области како што се педагогијата, логопедијата, дефектологијата, социологијата, филозофијата и медицината.